Космополис

Космополис

Космополис за Јосип Ости, Сараево – Љубљана
Безгранична соба
На ретките пријатели
Морска верност
Очевидец во градината
Последен излез
Колумбо
Отрезнување

Над стадото бели градови и над пожарите за миг
змеј се појавува, потполно пурпурен, воден од детска
рака. Дојдете малку со мене. Не е далеку до
местото од кое ќе имате навистина добар увид
во зрелоста на плодот. Неиздржливо нужно, како хоризонтот, кој е тука
за да ја омеѓи светлината и поразите на човечките сенки да ги омекне.
И вие ќе лежите. Тоа го знаете. Тука ќе ги обмислите своите
помирувања меѓу соседите, грешките во јазикот, ужасот на војските
во бег, биографијата на градските ѕидини, улиците и плоштадите,
плунката, срцебиењето и затегнатите мускули, неколку портрети
на фреските и можеби списи од повисокиот суд.
Дојдете. Малку со мене. Тука ќе треперите, како што
јас треперам од љубов и напор: без спомени
лесно преживувам, но не без оставината на сокот.
Сега клечам сам, но не би сакал засекогаш:
Дојдете. Малку со мене, клекнете пред гнездото на раѓањето
и во мудроста понадевајте се, која од распрснатиот плод
густо се цеди. Дојдете. Малку со мене, зашто таму никој
не се осмелува да оди сам, без слатко да испари а во
пелтечење и во дожд од семе да исчезне од видливиот свет.

2018-08-21T17:21:02+00:00 јуни 30th, 2010|Categories: Поезија, Блесок бр. 71-73|