Источна ноќ дрочи

/, Блесок бр. 07/Источна ноќ дрочи

Источна ноќ дрочи

Чешма покрај патот
Молитвен веј
Мирна ли ќе биде раката на галовникот
Ана-Јудита
Пладневна молитва
Источна ноќ дрочи
Омај
Saeculum

Матен двиг на ненавист ме гони
Кога лежам – ја брка пеперугата од моите гради
Кога итам – мене од нејзиниот видик

Калпав враг
Во никоја доба
Влегува во постелата на беспорочните
Ги руши јарките меѓи
Во созданијата хармонични
Дури и во наречението –
Мразниот шепот на пространствата

О, чуден пориву на заточението
Што ми ја затапкуваш вербата
ми ги вардиш илузиите
Нели и големиот грамотник од исток
Во сонот себеси се гледал
И не можел да се објасни
Кое крилце пропаѓа во милта на срцето
Кое сè уште павта во неовдешноста –

Секогаш и одново
Во денот суден на гасеницата што се вознесува

АвторБранко Цветкоски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|