Источна ноќ дрочи

/, Блесок бр. 07/Источна ноќ дрочи

Источна ноќ дрочи

Чешма покрај патот
Молитвен веј
Мирна ли ќе биде раката на галовникот
Ана-Јудита
Пладневна молитва
Источна ноќ дрочи
Омај
Saeculum

Ќе направиме ли еднаш
обетки од ѕвезди
златару,
задгробен духу на металот?

во одѕунот свечен о длабока штама
леарот Хирам штом скрсти раце,
муграта штом крене клепка,
Еразмо што шавне
од Вавилон до Ватикан
еднаш –

Ќе направиме
далеку од увото
на премудриот Елилуј,
од подземниот ќеркински чекор
кон шаторот на земјољубецот –
од стопена ѕвездена скрама
ќе направиме
и не само еднаш
и не само во ваква однелетна песна
Ана-Јудита!

АвторБранко Цветкоски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|