Источна ноќ дрочи

/, Блесок бр. 07/Источна ноќ дрочи

Источна ноќ дрочи

Чешма покрај патот
Молитвен веј
Мирна ли ќе биде раката на галовникот
Ана-Јудита
Пладневна молитва
Источна ноќ дрочи
Омај
Saeculum

Од снежен предел
Се задава
На орлица крило
Мирно
Глатко тело
Во песокта се издолжува
Над водите свири
Густ молитвен веј

Да излеземе
Од нашата кремен-роза
Од статуите и вазните
Да слеземе
Од топлиот тунел на бескрајот
Од блоковите на карпите
Да се покажеме

Склопено е денес
Окото на планината

АвторБранко Цветкоски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|