Источна ноќ дрочи

/, Блесок бр. 07/Источна ноќ дрочи

Источна ноќ дрочи

Чешма покрај патот
Молитвен веј
Мирна ли ќе биде раката на галовникот
Ана-Јудита
Пладневна молитва
Источна ноќ дрочи
Омај
Saeculum

Кога синовите ќе паѓаат
во меките длапки на облаците,
кога мајките со празни лулки
ќе слегуваат од врвовите
мирна ли ќе биде раката на галовникот,
рамото уште неизделкано во каменот,
ќе пукаат ли образите на млекарот
меѓу статуите?

О, развихрена свеќо
меѓу столбовите,
одземен духу од билките –
на кој басамак
ќе го продолжиме разговорот
за небидниците
и ќе го гушнам ли издолжениот врат
над исчезнатите светови
јас – пресна пепел на земјописците.

Мирна ли ќе биде раката на галовникот
кога ќе удрат дождовите?

АвторБранко Цветкоски
2018-08-21T17:22:11+00:00 февруари 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 07|