Избрани песни од „Музика и скорбут“

/, Блесок бр. 46/Избрани песни од „Музика и скорбут“

Избрани песни од „Музика и скорбут“

Музика
Бои
Орфеј
Релативитет (омаж на Морис Корнелиус Ешер)
Боже?
Елка
Аеродинамика

Моите клучеви, паѓајќи наземи, зазвучеа
како гонг или ѕвоно на некоја религиозна
церемонија во чест на Бог што не го знам.
Бидејќи беше влажна земјата, го видов
сјајот на безопасната опасно падната
врз тротоарот, а миг пред тоа душекот
натопен со вечерен дожд. Рацете ми се
тресеа кога тргнав да ја отклучам вратата.
Бог што не го знам и кој носи капче и,
зошто да не, мустаќи, и поништува билети
на едно вапорето кое ја смали Венеција.
Твојата пропусница и мојата, споени со дупка
од синхроницитет што потоа ќе предизвика
да исчезнеме. Не требаше да се свртиш
пред да излезеш од подземјето. Не гледаj,
толку едноставно. А сега имаш четири или
четириесет години, и очи полни песок. Мижиш
пред болката, клепките ти се омраза, а некој
глас те прекорува, те тера да ги отвориш; сега,
ти вели да плачеш. „Гледај“, повторува, „гледај“:
Евридика ја нема, нема пак да ја изгубиш.
Да, овие оштетени, крвави очи се сè уште
твои. И тесниот премин до Адот што води.

АвторАна Агилар-Амат
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|