Избрани песни од „Музика и скорбут“

/, Блесок бр. 46/Избрани песни од „Музика и скорбут“

Избрани песни од „Музика и скорбут“

Музика
Бои
Орфеј
Релативитет (омаж на Морис Корнелиус Ешер)
Боже?
Елка
Аеродинамика

Збирањето зелени затки од шишиња и златни школки
од плажата можеби е невин чин, полн со убавина
за шетачот што разгледува. Но може и да биде
предавничка епизода, ако твоите расталкани мисли
врамуваат туѓо лице, непознато за телата што се твои
и кои те засегаат.
Но тоа не ги снеубавува твоите чудни најдени предмети, кои
ги чуваш во стаклениот стомак цевчест како твојата надеж.
Сега, фигурите што ги гледаш кога ќе си ги протриеш очите
се зелени снежни кристали, негатив гледан низ микроскопот
на окото на торнадото. Животот ти е како цртеж
на кој гледаш две лица: старица, а потоа, млада жена;
зајче ако гледаш со левото око (а ова од љубов
е целото); гледајќи со десното, паткин клун вперен
право во отворено срце на пациент во операциска сала.
Сепак, иако стоевме на средината на улицата, ни беше страв
од кивањето на камиончињата.
Денес мирен ум гледа како се разминуваат минатото и иднината
брзајќи во спротивни насоки. Да му се заблагодариме на човекот
што ги наслика: пролетта, сегашноста, линијата што разделува.

АвторАна Агилар-Амат
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|