Избрани песни од „Музика и скорбут“

/, Блесок бр. 46/Избрани песни од „Музика и скорбут“

Избрани песни од „Музика и скорбут“

Музика
Бои
Орфеј
Релативитет (омаж на Морис Корнелиус Ешер)
Боже?
Елка
Аеродинамика

Боже,
Те барав насекаде каде што не беше.
Ми се чинеше дел од тебе избегал
во библиотеката: можеби твојата глава;
твојата брада бела на страниците.
Ми се чинеше дека ако научам да гледам
во мракот на клисурите, во бездните на историјата,
можеби ќе ти ги видам очите.
Барајќи ти го гласот се качував до црвеното грло
на вулканите, уплашена дека можеби си во огнот
и ќе бараш да се жртвувам за тебе.
И пливав длабоко во морето, мислејќи дека океаните
се твоите солзи, кои си ги исплакал смеејќи се.
Еден ден, кога веќе бев престанала да те барам, едни раце,
миропомазани со прашања како моите, ме погалија по вратот.
И на тие раце имаше нокти.
И така, во најмалите места на светот, ја видов твојата ситност.
Бидејќи ако си ме направил по својата лика и прилика, ти си
а) жена
б) кревка како песна
в) таа за која ми велат да не зборувам. Тоа мора да е причината
што те слушам, Боже, во тишината.

АвторАна Агилар-Амат
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|