Игра со сенки

/, Блесок бр. 58/Игра со сенки

Игра со сенки

Небесен ред
Мечта
Миг
Мебиусова лента
Игра со сенки
Трепкање
Поезија

додека
ко нем врисок
помеѓу небото и земјата
ти го наоѓам папокот
навнатре
се свиваш ти
во блесокот на молњата
што
ни ја намовнува голотијата
и додека
одвнатре и однадвор
се љубиме
одеднаш и сонцето
и месечината
и небото
се спојуваат
со твојата клепка
што
и од другата страна
на вселената ми трепка
со тој поглед
во кој животот
е толку убав
толку убав

АвторБорче Панов
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|