Игра со сенки

/, Блесок бр. 58/Игра со сенки

Игра со сенки

Небесен ред
Мечта
Миг
Мебиусова лента
Игра со сенки
Трепкање
Поезија

цел живот
заклучен сум
од
миг еден
ко она дете
сè уште
недораснато
да се притаи
зад нишанот
на чаталот
детето
што
на канап врзани
ги носи
убиените птици
од моето детство
еееј
сè уште несоземен
несоземен сум јас
и
ко чудни клучеви
ги стегам
тенките
птичји нозе
од
тоа славејче
што постојано
од раце
ми се откинува
и долго веќе
долго сраснува
со
гранките
на гласните
жици мои

АвторБорче Панов
2018-08-21T17:21:12+00:00 февруари 25th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 58|