Дозволете ми да плукнам

/, Блесок бр. 02/Дозволете ми да плукнам

Дозволете ми да плукнам

Разговор со разумот
Стаклен бран
Дозволете ми да плукнам
Џвакачи на времето
Проституција
* * *

Невино и безгрижно зачнати
време е треба да се живее (но како)
да се мисли (но што)
зборувам сама со себе (со вас)
кога сте почнале одете до крај
не чекајте спастрено и попогодно време
можеби тоа нема да дојде
(за вас што го чекате)!
Запливале полноглавци во него
секаде наоколу
сè повеќе
незабележливи „џвакачи на времето“.

АвторЛидија В. Кекеновска
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|