Дозволете ми да плукнам

/, Блесок бр. 02/Дозволете ми да плукнам

Дозволете ми да плукнам

Разговор со разумот
Стаклен бран
Дозволете ми да плукнам
Џвакачи на времето
Проституција
* * *

Од пердувести зборови
во бестежински сфери
гради проголтувани
без свои сопственички
оргазам на меѓусебни добра
што врескаат сè повеќе!
Тие или ништо
осетот или надразнувањето
стана спурливо
Во светот со вечно напнат пенис
што удира и храни
вечно гладни проститутки.

АвторЛидија В. Кекеновска
2018-08-21T17:22:16+00:00 април 1st, 1998|Categories: Поезија, Блесок бр. 02|