Враќање на изгонетиот

/, Блесок бр. 13/Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот
Градот на последни нешта
Куќата на Витгенштајн
Студија на Фројд
Во чест на Свети Кирил
Јазикот на ангели

Тоа е звукот од стапките на водата:
од равенката-рамнотежа за
еден збор,
област толку пространа
што центар нема никаде,
јазикот благословен
објави на ангелски.

Од равенката-рамнотежа за еден збор,
од реката треперлива на
говорот,
јазикот благословен
објави на ангелски.
Река на сеќавање. Речовита
штама:

Од реката треперлива на
говорот,
кај се тркалаат камења и
носат ронки светлина:
река на сеќавање, речовита
штама.
Од пепелта, крената од
топлина на минливост,

кај се тркалаат камења и
носат ронки светлина.
Од југот се јавија книги
инкунабули,
од пепелта, крената од
топлина на минливост,
што тече северно кон
Моравија, Србија и Русија:

од југот се јавија книги
инкунабули,
овие штами што јас не ги
разбирам,
што течат северно кон
Моравија, Србија и Русија:
химна ритмичка, рековита.

Овие штами што јас не ги
разбирам:
Илузија е дека мислите
ни се во главите

химна ритмичка, рековита.
Ние сме како морето и
струјата

Илузија е дека мислите ни се во
главите
Ние сме цели само во нашите мисли
Ние сме како морето и струјата
Што кривули низ срцето од морето

Ние сме цели само во нашите мисли
Од бреговите на Тесалоника и Охрид,
Што кривули низ срцето
на морето

пророци ја носеа иконата од глаголски
руни.

Од бреговите на Тесалоника и Охрид,
со венец од бел лак врз
еден бран,
пророци ја носеа иконата
од глаголски руни:
љубовта на думите, вечна
како ветер.

Со венец од бел лак врз
еден бран,
за да се фатат во тактови
гласовите на ветрот
(љубовта на думите, вечна
како ветер),
тој спои одломки во кафез
од букви:

за да се фатат во тактови
гласовите на ветрот.
И дивите Хазари му ја
слушнаа молитвата:
тој спои одломки во кафез
од букви,
им ги виде жртвите што се
креваат ко птици и ги снемува.

И дивите Хазари му ја
слушнаа молитвата,
еден глас во песна, што
бара да се чуе:
им ги виде жртвите што се
креваат ко птици и ги снемува.
Ставајќи си го последниот
златник на јазикот, тој умре.

Еден глас во песна, што
бара да се чуе:
област толку пространа
што центар нема никаде.
Ставајќи си го последниот
златник на јазикот, тој умре.
Тоа е звукот од стапките
на водата.

Тесалоники, Македонија

АвторП.Х. Лиота
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|