Враќање на изгонетиот

/, Блесок бр. 13/Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот
Градот на последни нешта
Куќата на Витгенштајн
Студија на Фројд
Во чест на Свети Кирил
Јазикот на ангели

Испразнета од суштина, мрачната улица
дотечува
до оваа адреса и сликава единствена.
Среде своето патување
патникот си изгледа
вџашен од само-одразот: бронзениот
лик врз излитената плакета од
историја.
Замисли си го јазикот како
облик на живот:
со некое друго име, а одвај
волку слатко, една
единствена роза зрее на скапана лоза.
Двајцата светци,
Кирил и Методиј, чуваат
стража вон куќата
што станала Бугарски Културен
Институт.
Стражари или семиотичари?
Кој би знаел…
Внатре собите се пусти,
ѕидовите се празни,
како сетните мисли на
филозофот, што не можат
и не би можеле да се изговорат. Овој
збор. Збор. Сите тие
почиваат во штама. Сето тоа е
прашањето.

nbsp;  3, Паркгасе 18, Виена

АвторП.Х. Лиота
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|