Враќање на изгонетиот

/, Блесок бр. 13/Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот
Градот на последни нешта
Куќата на Витгенштајн
Студија на Фројд
Во чест на Свети Кирил
Јазикот на ангели

Момчето што свири виолина е нервозно
и нотите небаре му лебдат и треперат
надвор на снегот, кој почнал да паѓа.
Човекот на пианото се
витка во чад а прстите
му се спремни за скок врз уловот
стресен. Се смешкам.
Исклучувајќи ги нив по
оваа полусветлина,
јас самиот лебдам по
булеварот, со јанѕа
пред изгорената зграда, со дваесте
катови
црни и зјапнати како рана неизлечена
или глас
кој повеќе ја нема дарбата да крикне.
Материјал за џез и
стандардни мелодии.
Па си мислам, колку
прекрасен е светов…

Следниот ден чекорам од
обновеното пазариште,
Од она место кајшто
гранатата се распрсна
сред толпата и им ги распартали
животите
– на тие, имено, кои беа
живи – до Латинскиот мост
за да застанам онаму кајшто улавиот
наречен Принцип
му испукал куршум низ срце на
Надвојводата.
Тој го промени светот.
Отисоците од стапките
му се избришани. Но секој ги знае.
Тука, во полусветлинава од
снег
и магла, тотемот на четири јазици
е како предупредување на крстопат:
Нека мир завладее на
Земјава.

Кај другде освен на
земјава на сетни нешта
би можеле да најдете вакво надреално
блаженство?
Тука, во полусветлото од
коридорот
еден лудак се удира себеси, жестоко,
ритмички, со еден гајтан.
Очите ни се среќаваат и тој
изгледа го препознава другиот брлив
штом го здогледа.
Или може не. Што би требал
да кажам јас? Јас сум
парализираниот штукнат во кадата – а
водата
си тече. Претепан од чувствување, би
можел
да си ги раширам рацете пред слаткава
земја: Гледајте
го човечкиов метроном! Држејќи такт со
сеќавањето,
тој изгледа поразумен од
нас…

Сараево, Босна и Херцеговина

АвторП.Х. Лиота
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|