Враќање на изгонетиот

/, Блесок бр. 13/Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот

Враќање на изгонетиот
Градот на последни нешта
Куќата на Витгенштајн
Студија на Фројд
Во чест на Свети Кирил
Јазикот на ангели

Децата од Босна се пак вечерва тука,
иако оваа претстава им е,
чинам, последна
да им го вознемири смртниот сон. Но
човекот
со перче палаво влече длабоко од
цигарата
без филтер, се потпира врз историјата
и во рапав
порој на грчки ни вели што треба да
сториме,
на кој број да се јавиме.
Потем монтажата
од тела заплеткани во крв, веќе
стандардни
слики од сломот што нема да го сфатам
никогаш.
Ситно сираче во розово
фустанче танцува пред
телевизиските монитори, со раце
споени
во лак за мир и пријателство. Отсега
зависи
од ангелите
, извикува тој. И од вас.

И точно е. Но веќе ми е
доволно. Се вртам
настрана а Гаја се свртува кон мене да
ѝ објаснам.
Би сакала да знам.
Карванот на Надежта, со сираци
од Сараево беше дошол во Солун на
седум ноќи
за Божиќ. А вечерва е Благовештение,
кога тројцата мудреци ги
водела ѕвезда, кога
им проговорил ангелот и тие разбрале.
Но за децата од Босна, ова
не е толку просто.
Утре се враќаат во Сараево,
пак во сето она
лудило. Тука нема никој да ги земе.
Веќе има прикаски дека се
распрнале, византиски
шепоти дека Карванот на Надежта
тргнува на југ
кон темното вино на Егејот и нема да
запре

дур не дојде на Крит или уште појужно
кон Либија, кај Лотус-Лапачите, додека
не најдат
некој да ги разбере, некој да ги
прибере,
да им каже дека веќе не е
важно, дека тука е местото
на кое ќе пораснете и времето што ве
сака.
Она што изгледа толку
просто… Како да го нема.
И тогаш ѕвоното на врата,
надвор од улицата, зад
ѕидот од заклучената ни порта.
Децата од Босна се тука и
ние треба внатре
да ги пуштиме, треба да им дадеме нешто
топло
и трајно додека си кажуваат за своите
животи.
Гаја, Дона и јас ќе бидеме
со нив,
ќе ги внесеме во куќата
што одеднаш станува пространа,

се појавуваат соби за кои
не сме ни знаеле
дека ги има. А Гаја, што зборува со глас
на ангел,
сиот од музика и светлина,
ќе ги прегрне сите
до еден и ќе изјави Вие сте ми
најдобри пријатели…

Еве го Ѓоко, син му на
Данко – мојот прв учител
по хрватски но потем го снема, уште
еден
маченик од Мостар. Момчето ги има
очите на татко си,
темни и сјајни, запрашани
кон секого.
Еве ја Слободна, чие име
значи слобода,
која не може да зборува и
не пушта ни звук со месеци.
Наима, Бранко, Горан… Се
редат како ходник од огледала.
Одеднаш, околу огнот,
разговараме на јазик на кој никој
од нас не е сигурен. Но веруваме, може
да се случи.

Ова е ноќта на чуда. Велат
дека и
животните клекнале пред моќта што ја
сетиле,
а тројцата дрвени старци
ослепеле од ѕвездата
но сепак ја следеле зашто нешто имало
во гласот
што им проговорил, нешто личело на
вистинско.
Така би можело да биде.
Дона ќе ги загрне со ќебе
Тие што уште се тресат и се плашат. Немајте
гајле
.
Јас им давам пијалак по
име – Apatph qanatou

Трик на Смртта – по потекло
од селата високо
од ридјето на Таијетос. И изгледа
вистински, зашто
само со трикови на смрт и живот
поминуваме, штом
мораме да веруваме во ова што е тука,
во падот низ светов
сите заедно, со истата вечна брзина, и
ослепителен бес.

Некаде некој ангел си ги
отворил крилјата.
Некаде некоја земја
достатно вистинска за да ги прифати.
Некаде некое огниште што
ги чекало отсекогаш,
со огнот од случајните
жртви, кајшто
божицата на оплакувањето се ведна над
разбојот да ткае
мит за тајната и судбата на јазикот од
загубеност.
Некој сите нас нè сака.

Политеја, Атина

АвторП.Х. Лиота
2018-08-21T17:22:05+00:00 март 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 13|