Ноќ пред заминување в шума
Низ дамките на прозорските стакла
гледаш во полињата на криво пресадените кактуси.
Твојата искреност е половина лудило
а времето е ритуал за свеќи
и коски кои пак ќе бидат благодарни.
Единствена извесност е далечината –
таа те привлекува и те хипнотизира.
Секое движење е како сон
кој со кофеин се растопува.
Отсекогаш ти беше јасно
дека жена со пиштол вреди повеќе
од десет мажи со пушки.