Седум песни

Седум песни

Ноќ пред заминување в шума
Манифест
Разлеано
Берлинска осаменост
Нов тестамент
Мисис Робинсон на отворен пат

Чет Бејкер


Берлинска осаменост

 

На аголот на Карл Маркс штрасе

купи машина за пишување

во продавницата за стари работи

и отпад кој никому не му треба.

Внимателно ја исчисти

никогаш неупотребената лента

и почна да пишува.

Под секоја песна го додаде

точното време на довршување.

 

Многу од напишаните песни

се обидуваа да го доловат

нејзиниот однос кон предметите

кои него го опкружуваат

и кои таа едвај ги забележува.

Истовремено, не ѝ бега

ниту едно помрднување на облаците.

Секојдневно ги сликаше небесата.

 

Ноктурното на неговата соба

од тие денови не е секојдневно.

Низ полуотворениот прозорец

допира мелодија.

Него ненапишаното го држи

во темницата на сопствениот избор.

Додека саксофонот „неукелн“

станува хипнотичен

музиката претставува

сето она на кое мора да му одолее.

 

Не дозволувај да те свртат

и дури така да те претворат во она што не си.

Стануваш механизам

за самоуништување.

Немој да се согласуваш на такво нешто.

Не сега. Предолго си го посакувал

моментот кога ќе можеш да кажеш:

Ова е ѓаволски добро кафе!

АвторМехмед Бегиќ
ПреводСузана В. Спасовска
2021-04-03T19:08:35+00:00 март 31st, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 136|