8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


CAMERA OBSCURA

Кога кромидот ќе го расечеш наполу
и ќе го легнеш странично,
личи на дојка.
Многу ситни жилички
и многу ранливост.

Кога од блиското брдо
вжарени топки паѓаат врз градот,
дупките во асфалтот личат на рози.
Градот е розариум
во војна.

Вистина е дека може да се носат
и ножеви и крстови.
Но вистина е и она што го велат Јасмина
и Алберт,
дека може да се пука
и да не се пука.

Книгите ништо не нè учат,
тие само помагаат крошната
што ќе нарасне во приказната
да замириса во ноздрите на земјата.
За гробовите да дишат
како сите модерни галерии
и пролетни места.

Во дното на објективот
една жена испива арсен,
брнистрите цутат.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|