Толку малку

Толку малку

Надеж
Песна за крајот на векот
Ars poetica?
Не повеќе
Толку малку
Значење
Царот Константин

Кажав толку малку.
Дните беа куси.

Куси денови.
Куси ноќи.
Куси години.

Кажав толку малку.
Не можев да додржам.

Срцето ми папса
Од радост,
Очај,
Копнеж,
Надеж.

Челуста на Левијатан
Се склопуваше врз мене.

Гол лежев на бреговите
Од пусти острови.

Белиот кит на светот
Ме повлече кон својата јама.

И сега не знам
Што во сето тоа беше стварно.

Беркли, 1969

(Од англискиот превод на авторот и Лилијан Вале: Богомил Ѓузел)

АвторЧеслав Милош
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Поезија, Блесок бр. 38|