Поправање на кармата

/, Блесок бр. 66/Поправање на кармата

Поправање на кармата

Камења
Спомен
Бастун
Оса
Далечина
Портите на Отранто
Rainspotting
Поправање на кармата
Китсовиот славеј

кога помислувам на Портите на Отранто
инстинктивно ги завратувам ногавиците.
ме плаши толкаво количество вода
која за миг може да продре
во нашите кревети и соби
и да го направи секој распоред излишен,
туѓ или застарен.
господинот дебел готвач
кој воздивнува на крмата од долго
очекуваниот крстосувач и ги истресува
отпадоците во белата бразда
склучил пакт со пциштата.
во џебот го чува пепелот од нашата приказна;
сите оние догорчиња разменети со грижа
и бакнежи. и постојано се смешка
божем е во дослух
со подводните мини.

2018-08-21T17:21:05+00:00 јуни 25th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 66|