Лице в лице

Лице в лице

Неупотребливи дарови
За корисноста на музиката
Снег во чевлите
Убави мртви мориња
Лајбниц
Лице в лице
Мишима
Пролетни занаети

Некоја мала птица
пропеа,
проговори два-три збора
и се покака на терасата осветлена со сонце.

Птица толку мала
дури и кутија кибрит
би ѝ го прераснала распонот на крилата.
Нејзините очи, едвај половина од фосфорно зрнце.

Од ситната брбушка
израсна детелина
со четири листа:

Нашата среќа зборува со неразбирливи јазици
и со јазикот на доброто варење,
ги надминува своите причини
и не бира место каде ќе се здене.

Треба да се молчи, вистина е:
тоа сонце над нас,
колку повеќе го спомнуваме
толку повеќе расте
во златни бесилки.

2018-08-21T17:20:58+00:00 август 1st, 2011|Categories: Поезија, Блесок бр. 77-79|