Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

Посветено на Џими Хендрикс – Томи Рекордс

#4 Веројатно сте имале можност да слушате различни проекти посветени на Џими Хендрикс, некои добри, некои лоши, големи во смисла на продукција, мали како звучен запис. Како што, всушност големите дискографски компании го прават тоа: собери на купче свои најкомерцијални ѕвезди, натерај ги да отсвират нешто од Џими, замотај го убаво и настојувај да продадеш што е можно повеќе примероци. Тие знаат дека љубителите на Џими ќе купат сè што што има некаква врска со легендарниот гитарист. Но, кога таков проект ќе го направи некоја мала фирма која ја раководат пред сè љубители на музиката, а ќе го отсвират одлични, иако релативно непознати музичари, тогаш добивате материјал кој заслужува внимание. Особено, кога станува збор за фирма од Полска и музичари од тамошната сцена, тогаш зборуваме за куриозитет кој не смее да се пропушти! Лешек Чихонски е еден од најдобрите европски блуз-рок гитаристи, човек кој стои зад овој проект и кој со својот инспиративен перформанс на делото на Хендрикс уште еднаш нè уверува дека музиката на споменатиот генијалец е безвременска, таа е универзална како времето! Соодветно придружен од кремoт на полската музичка сцена, вклучувајќи го и сјајниот вокал на Аника, Лешек го претставува и својот колега од Чикаго, Стен Скиби кој е задолжен за вокалите, но и со својата вештина како гитарист му дава посебна арома на дискот „Благодарам Џими“. Тој го третира материјалот од позиција на музичар кој е длабоко поврзан со корените на блузот. Сите познати композиции на Џими се обработени, а како додаток, „Кокаин“ на Џеј Џеј Кејл звучи како стандард на Џими!
„Благодарам Џими“ е единствена композиција, дело на Лешек, прекрасен инструментал како вечна благодарност за анимирање на генерации музичари и почитувачи на музиката на Џими Хендрикс. Обидете се да пронајдете примерок на „Благодарам Џими“, нема да зажалите!

www.tomi-cd.com.pl

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|