Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#1 Италијанскиот блуз гитарист Руди Рота е мошне позната блуз персона меѓу колегите музичари но кај добрите познавачи на блузот. Неговиот кредибилитет лесно го издигнува кон врвот на европската блуз сцена, пред сè поради фактот дека имал можност да ги придружува или да ја дели сцената со Алман Брадерс, Б.Б.Кинг, Џо Луис Вокер, Сан Силс, Џон Мејл, Лутер Елисон, Робен Форд и многу други! Познат по својот карактеристичен стил на интерпретирање на блузот, најновиот ЦД пројект на Руди Рота наречен „Битлси во блузот“ претставува оригинална идеја која во блуз идиомот делува зачудувачки добро! Секоја „класична“ тема од легендарната четворка од Ливерпул на дискот е обработена и аранжирана во блуз манир и претставува несекојдневна целина која бара комплетно слушање и наградува со одлична звучна слика. Кога ќе ја слушнете „Драга Пруденс“, ќе помислите дали можеби Џон Ленон сакал таа да звучи токму така како што ја замислил Руди Рота, но не можел да ја стави на плоча во времето на Битлси! „Норвешка шума“ звучи како класичен Мисисипи делта блуз со акустична гитара, додека „Врати се“ делува како да е превземена од репертоарот на Ал Грин со оној класичен „Мемфис саунд“ од шеесетите години на фирмата „Хај Рекордс“. „Имам чувство“ е вистинска Њу Орлеанс фешта, додека аранжманот на „Не ме оставај“ просто плаче за вокалот на Ета Џејмс! „Во мојот живот“ кој многумина ја сметаа за најубавата композиција на Битлсите воопшто,
инаку последна композиција на дискот, се одликува со лесни пијанистички додатоци и евокативен вокал на Рота. Можат ли Битлси да свират блуз? Можат!

www.azzuramusic.it

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|