Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#3 Што добивате кога ќе направите комбинација на вокалот на Мајк Харисон (екс-Спуки Тут), Хамбург Блуз Бенд (со легендарниот саксофонист Дик Хекстол-Смит), пишувач на текстови од рангот на Пит Браун и продуцентот од профилот на Џим Гејнс? Инстант класика, ете што! Во идзание на „ Руф Рекордс“. Мајк Харисон беше член на „Спуки Тут“, легендарниот британски блуз-рок состав од крајот на шеесетите години, и одамна се смета како еден од најдобрите тамошни вокалисти покрај Пол Роџерс, Крис Фарлоу и Род Стјуарт. Се работи за една одлична колекција на музика, беспрекорно интерпретирана и совршено продуцирана, онака како и му доликува на Џим Гејнс (Сантана, Боб Дилан, Стиви Реј Вон…). Придружен од еден од најдобрите германски блуз состави, Мајк звучи неповторливо, токму онака како што го паметиме, со вокал како шмиргл папир со карактеристично фразирање и доволно емоции за да не остави никого рамнодушен. Како посебен подарок за сладокусците, Мајк Харисон на овој диск ја обработи и „класиката“ на „Спуки Тут“, „Чекајќи ветер“. Блуз-рокот не звучи подобро од ова, а што се однесува до Мајк, ја знаете онаа за виното: што е постаро…

www.RandomChanceRecords.com

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|