Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#6 „Такси“ е трето дискографско издание на Френд и Фелоу („Дом“, 1997 и „Пурпурна Роза“, 1998) и веројатно нивен најдобар продукт во оваа трилогија. Овој необичен и оригинален дует го сочинуваат вокалистката Констанца Френд и гитаристот Томас Фелоу, двајцата од Германија. Заедно тие создаваат деликатно префинета музика за душа (и тело), која најдобро се конзумира во доцните вечерни часови како антипод на дневните проблеми со кои се соочуваме. Френд и Фелоу најчесто интерпретираат сопствен музички материјал, но од време на време знаат и да обработат некој познат напев и да го направат да звучи свежо и оригинално, како да е произлезен од нивната музичка работилница. Во овој случај, на дискот „Такси“ тоа се композициите „Сè уште не го најдов она што го барам“ (U2) и „Пурпурна магла“ (Џими Хендрикс). Музиката на Френд и Фелоу може да се окарактеризира како „акустичен соул“, музика која бара комплетен ангажман од слушателот и за возврат го наградува со особен филинг и богата тонална експресија. Во нивната музика може да се почувствува и силно влијание на блуз вибрации за кои мошне позитивно се изразија и луѓето како Реј Чарлс, Ел Џероу, Кеб Моу и особено Лутер Елисон кој беше нивна инспирација, пријател и ментор. Фелоу е одличен акустичен гитарист со чувство за мелодија и ненаметлива придружба кога тоа е во функција на музиката, додека Френд е експресивна вокалистка која може да се мери со најдобрите во ваков стил на музицирање. Слушнете го овој материјал и ќе ми бидете благодарни!

www.rufrecords.de

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|