Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#5 Значењето и делото на Јенк Речел секако се вбројува меѓу највлијателните во историјата на блузот. Неговото свирење блуз на мандолина и длабоко чувствителниот вокал беа инспирација за многу музичари како и љубители на блузот кои лично ја доживуваа неговата музика, уште од времето кога ги направи своите први снимки заедно со Слипи Џон Естес во 1929. Во една прилика Б.Б.Кинг му рекол на Јенк Речел: „Потребни се луѓе како тебе за да се создадат луѓе како мене“, едноставна вистина и почит кон мајсторот на блузот. „Блуз мандолин човек“ всушност е повторно издание на овој класичен блуз албум, издаден претходно за „Блајнд Пиг“ во 1986 година. Во една интимна атмосфера, придужен со неколку музичари, меѓу кои и неговата внука Шина на електричен бас, потоа Питер Ролер на гитара, Лионард Марш на тапани и Питер Мадкет Рут на усна хармоника, Јенк Речел го доловува својот длабоко доживеан блуз на минати времиња, плетејќи ја мрежата на тагата и радоста што ги носи секојдневниот живот. Едноставно, прекрасен албум кој не може да биде подобар, ваква музика ретко може да се сретне и доживее, така што уште повеќе ја зголемува возбудата при нејзиното откривање. Благодарение на Ричард Конгрес од фирмата „Рендом Ченс Рекордс“, љубителите на блузот имаат ретка можност да се здобијат со музика која засекогаш останува како вредност на човековото бистисување. Исто така треба да се спомне дека Ричард е и автор на извонредна книга за Јенк Речел која заслужува место во сечија библиотека. Повеќе детали на сајтот на фирмата.

www.RandomChanceRecords.com

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|