Споени лица

Споени лица

Следниот пат сврти им го грбот
Уживање во исчезнувањето
На дофат на раката
Весело месо
Невидлив човек
Полноќно сонце
Такво е добата

Не е добро да се остават лушпи скршено
јајце изложени на поглед. Секогаш некој
се наоѓа кој знае да ја искористи слабоста. Откако
содржината е изедена, со нејзе без трага
исчезнува и сочувството: понекогаш се задржува
кусо време врз коренот од јазикот како вкус сирова
препеличина жолчка, а потоа веќе го нема.
Утехата е близу: на дофат на раката или

уште поблизу, некаде во телото за кое погрешно
мислиме дека го познаваме само затоа што е
наше. Нашата љубов која го носи името на љубовта,
всушност е еден од замисливите облици страсно
сочувство кое се лизнало предлабоко низ грлото
и сега веќе не знае како да излезе надвор. Ја нема
таа болка која не може да крај да се раствори
во устата. Тоа се вика уживање во исчезнувањето.

2018-08-21T17:21:04+00:00 октомври 12th, 2009|Categories: Поезија, Блесок бр. 67-68|