Јас сум ирачки шалвари, жена ми е романска шизла
а ќерка ни е багдадскиот крадец.
Мајка ми сè уште ги врие Еуфрат и Тигар,
сестра ми научи како да прави пирошки
од нејзината руска свекрва.
Нашиот пријател, марокански нож, брца англиска
челична виљушка во риба родена крај норвешките брегови.
Сите ние сме работници отпуштени од скелињата
на кулата која сакавме да ја изградиме во Вавилон.
Сите ние сме ’рѓосани копја
кои Дон Кихот ги фрлал кон ветерниците.
Сите ние сè уште стреламе во сјајните ѕвезди
еден миг пред да ги проголта
Млечниот пат.
(Од англискиот превод на Вивијан Идн)