Да имав уште една ќерка
ќе ја крстев Алжир,
а вие ќе ги симнувавте колонијалните шапки
и ќе ме викавте „Абу Алжир“.
Наутро, кога ќе ги отвореше своите чоколадни очи
ќе речев: „Сега Африка се буди“,
а таа ќе ја галеше русата коса на сестра си
сигурна дека одново открила злато.
Зрната на морскиот брег ќе ѝ бидат игралиште
а во отисоците на Французите кои оттаму побегнале
ќе ги крие датумите кои паднале од дрвата.
„Алжир“, ќе се фатам за оградата од балконот и ќе ја викнам:
„Алжир, дојди дома, да видиш како го бојам источниот ѕид
со четката на сонцето“.
(Од англискиот превод на Вивијан Идн)