Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

/, Блесок бр. 60/Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Ме викаше Пежо зашто за неа имав 306

Салфетка
Патриотска песна
Алжир
Блуз за третиот бакнеж
Глупава убавина
Цезар Валехо (или, 12 стихови за Лебот на срамот)
Љубовна песна за Вислава Шимборска

„Донесе ли слика од ќерка ти?“
Ме прашува, а во шуплината на устата ми растат нови заби
За да го изџвакам овој момент.
„Да се напиеме по уште еден коњак“, го крева таа
Гласот како да е срп кој жнее жито,
За да испече зборови и да исече леб
Кој дури и се вљубува во ножот.
На масата се одмораат парчиња мармелад
Како листови паднати врз чинијата.
Вистинските листови висат на дрвата во Краков
Завиткани во целофан од магла
Која се спушти да ја заслади вечерта.

(Од англискиот превод на Роберт Манастер и Хана Инбар)

2018-08-21T17:21:10+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 60|