Збор на полжав врз лисна платка?
Не е мој. Не го прифаќај.
Оцетна киселина во лименка?
Не ја прифаќај. Не е ретка.
Прстен златен што сонце носи?
Лаги. Лаги и јад.
Врз лист мраз, исконски
котел, кој крцка и ломоти
угол сам на врвот од сите
девет црни Алпи.
Потрес во огледалата,
морето реска огледало сиво —–
Љубов, љубов, моја судбо.