Лазаринка

Лазаринка

Лазаринка
Месечината и тисата
Треска 103˚
Гласници
Габи
Раб

Ова е светлина на умот, ладна и планетарна.
Дрвјата на умот се црни. Светлината е сина.
Тревите си ги истураат маките пред мене ко да сум Бог,
глуждовите ми ги боцкаат, и за униженоста шепотат.
Магли од чад и духови демнат во ова место,
што гробни плочи го делат од мојот дом.
Просто не гледам кај треба да се стигне.

Месечината не е врата. Таа е само лик,
бел ко зглавка и мошне неспокоен.
Ко тежок злочин по себе морето го влече; стишна е
со усти зинати во чмај. Тука живеам јас.
Двапати в недела, камбани до небо бијат —–
осум ѕвона за Вокресението зборат.
За крај, имињата возвишено им ги редат.

Тисата се стреми угоре. Има готски облик.
Со око следи ја, и до месечината ќе стасаш.
Месечината ми е мајка. Не е фина ко Богоројца.
Синиот ѝ плашт лилјачиња и бувови коти.
Колку сакам во добрина да верувам ——
ликот од сликата, онежнет со свеќи,
со милните очи над мене како се свива.

Баш сум се занесла. Облаци цутат
сини и скрити по ликот на ведите.
В црква, светците ќе се обојат во сино,
со кревки пети над камен-клупи ќе лебдат,
со раце и лица здрвени од светост.
За сè ова месечината е слепа. Таа е штура и дива.
А тисата аманет носи: црнило – црнило и тишина.

АвторСилвија Плат
2018-08-21T17:21:59+00:00 јануари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 18|