Лазаринка

Лазаринка

Лазаринка
Месечината и тисата
Треска 103˚
Гласници
Габи
Раб

Чист? Што е тоа?
Пеколот јазици има
тупи, тупи, ко трите

јазици на тупиот, дебел Кербер
кој пред порта бревта. Снеможен
начисто да ја излиже

трескавата жила, гревот, гревот.
Тратот квичи.
Несотрива реа

на дотлеана свеќа!
Љубов, љубов, се вијат колца чад
од мене ко марамите на Исидора, ме фаќа јад

да не би една од нив на тркалото да се скотви.
Чадот жолт и тмурен
е свет за себе. Не ќе се крене,

но низ земјината топка ќе мине
стари и кротки луѓе ќе гуши и кине,
кревкото

бебе во стаклена лулка,
орхидејата дух-бледа
што дворот во воздух си го беси,

Шејтански леопард!
Озраченоста го побеле
и за час го сомеле.

Телата на неверните ќе ги подмачкува
ко пепел од Хирошима и ќе лапа.
Гревот. Гревот.

Драг мој, цела ноќ
ту пламтам ту се гасам, и сè така.
Постелата тежи ко бакнеж од блудник.

Три дни. Три ноќи.
Лимон-вода, пилешко
вода, вода, ми се лоши.

Пречиста сум за тебе и за кој било.
Твоето тело
ме боли ко што на Бог го боли светот. Светилка сум____

главата ми – месечина
од јапонска хартија, кожата ми златна биена
бескрајно нежна и бескрајно скапа.

Нели си во чуденки од мојата врелост. И светлост.
Сама сум, исполинска камелија
што блеска, де ја има, де ја нема, цут врз цут.

Чинам нагоре идам
Чинам ќе се вивнам____
летаат жешки метални мониста, а јас, љубов, јас

сум чиста ацетиленска
девица
опсипана од ружи,

од херувим, од бакнежи,
и од сè што значат овие нешта розеви.
Не ти, ни тој

не тој, ни тој
(сè мое се топи, фустани од стара ороспија)____
кон Рајот.

АвторСилвија Плат
2018-08-21T17:21:59+00:00 јануари 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 18|