Лето.
Еден ќос со ниеден
пердув на опашот.
За греота.
Зема остатоци од сланина,
лушпи од компири, што и да е.
Омилени
му се зрната грозје.
Истрчува
совршен круг преку овалниот
тревник.
Дајте ѝ медал на таа птица.
Следното за што си свесен
е дека носиш глава на ќос,
набљудувајќи ја почвата.
Нов бог пристигнува
со зрна грозје наместо очи.