Седна до мене, непоканет, крај барот: пол-
ничок нутриционист, со скршена вилица голема колку
половина кугла и црна. Над киселата вода со лимон, ми ја даде
својата непопустлива филозофија на механизираниот кокошарник:
Да изедеш јајце е како да изедеш парче од Пеколот.
Има уште: нутриционистот го имал видено Ѓаволот,
еднаш, како се симнува од слика облечен
во сандали и сламена шапка. И не само тоа – Ѓаволот
го следел до дома и шест месеци го клукал по глава:
Зошто не се убиеш. За малку и ќе било така. Сепак,
преживеал. Имал и полоши времиња: како целиот саат
заклучен во замрзнувачот на некој товарен брод,
лизгајќи се на смрзнати чадени харинги. Само што сега
гледа лица крај патот во пирејот и цвеќињата,
а моето лице падна, кога тој стана, и просто рече:
Ќе се видиме пак. Знам кај да те најдам.