нив не ги чепкај
ми вели старата кога
мисли дека премногу
се соживувам со кастрењето
тие беа олкави и кога
јас дојдов
јас ја гаснам пилата
па неколку моменти
во тишина ги гледаме восхитено
како суштества многу постари и поголеми
од нашите сеќавања заедно
а понекогаш
ги прегрнуваме прилепувајќи ги лицата
врз нивните ситно
набрчкани кори
и го довикуваме ветрот да ги ниша
со сите нивни 25 метри
од чисто задоволство