Емили Дикинсон во мојот град

/, Блесок бр. 45/Емили Дикинсон во мојот град

Емили Дикинсон во мојот град

најбрзо тонат в темнина
во овој град мачнината
Емили Дикинсон во мојот град
Ефектот на пеперутката
Местото на кое ќе дојдат пак
Јасени
Последната топла ноќ
Месечар

месечината е пес бесен
од несоница се умножуваат
гласовите
во главата на стробоскопската слика
врескаат носени од налетите
на лудото југо

па и да ги затворам
прозорците празнината почнува
веќе таму каде завршува
телото на бескрајната кохова
крива долж која те начнува
стравот

saving your settings…

windows is shutting
down

но од
месечината нема
сокривање нема
бегање од нејзиното
остро ’ржење и ти нема
сон

АвторСлаѓан Липовец
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|