Емили Дикинсон во мојот град

/, Блесок бр. 45/Емили Дикинсон во мојот град

Емили Дикинсон во мојот град

најбрзо тонат в темнина
во овој град мачнината
Емили Дикинсон во мојот град
Ефектот на пеперутката
Местото на кое ќе дојдат пак
Јасени
Последната топла ноќ
Месечар

колкава би била
празнината над
дворот ако го нема
овој орев
велиш
ова е можеби
последната топла ноќ
годинава и во тишина
која се вовлекува во разговорот
со насетување на скорото
патување и зимата слушаме
како ветрот ги рони
сувите листови зборови

шумно ги стрмоглавува
во кос пад

на подлога
од месечина помешана
со тенки облаци
празнината меѓу фракталните
гранки станува сè
повидлива

АвторСлаѓан Липовец
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|