Емили Дикинсон во мојот град

/, Блесок бр. 45/Емили Дикинсон во мојот град

Емили Дикинсон во мојот град

најбрзо тонат в темнина
во овој град мачнината
Емили Дикинсон во мојот град
Ефектот на пеперутката
Местото на кое ќе дојдат пак
Јасени
Последната топла ноќ
Месечар

го отворам ли
прозорецот ќе вползи
уште повеќе празнина
во станот

со секое бесцелно
движење ја зголемувам
(но)
во аголот кој се
раздвојува неприпитомени
со законите на физиката твоите мали
влечки во раст
ја вџашуваат со голите чекори
тие го просјајуваат
самракот – иако не ги отвораме
прозорците и не ги тргаме
завесите ја клумкаме
атмосферата предизвикувајќи
барем една добра
луња

АвторСлаѓан Липовец
2018-08-21T17:21:29+00:00 ноември 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 45|