Доста љубеше

/, Блесок бр. 16/Доста љубеше

Доста љубеше

Песна 111
Подарок
Чекајќи го чудото
Твој сум
Причина зошто пишувам
Се чудам колку луѓе во градов
Балада
Доста љубеше

Ти дојдов со тага –
рече, „Ела при мене со леб“.
Немав ни скршена пара –
ме најми Ти кај мртов свет.

Одбрав одаи мраморни
но Ти таму долу ме прати.
Не повте да верувам
дури не ме опамети:

оти јас не сум тој што љуби –
тук’сум на Љубовта плен!
А омразата со колет стигне,
со забрана Твоја текот ѝ е запрен.

И кога гладта за допирот Твој
ќе гргне од гладта со млаз,
шепотиш, „Дете, доста љубеше,
Дај сега да сум Љубовник Јас.

Хидра, 2000

Авторски права © Леонард Коен. Сите права задржани.
Објавено со дозвола на Леонард Коен.

АвторЛеонард Коен
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|