Доста љубеше

/, Блесок бр. 16/Доста љубеше

Доста љубеше

Песна 111
Подарок
Чекајќи го чудото
Твој сум
Причина зошто пишувам
Се чудам колку луѓе во градов
Балада
Доста љубеше

Душо моја, чекам
чекам ноќ и ден
пол живот во слепило
на чекање сум плен.
Покани едночудо,
Знам, и ти по некоја ми прати
ама јас за чудо изгорен,
го чекав чудото со саати.

Ме љубеше, несомнено,
но, рацеве на гром му биле мета,
и знам ова те погоди
и тебе и твојата суета.
Под пенџер да стоиш
со гајда и зурла-тага
а јас горе чудо чекам,
од чудо да видам трага.

Не си ти за овде душо,
мераците брзо ќе ти минат
севдалинки овде нема
а грешките скапо чинат.
Маестро вели, Моцарт ќе е,
но звукот некако распукано звучи,
кога чекаш чудо
кога чекаш чудо
чудо кога чекаш да се случи.

Времето за чудо плаче
за сè друго смртен кревет
олку не сум била среќна
дур од март, деведесет и девет.

За сè друго смртен кревет
кога знаеш кај те нема.
За сè друго смртен кревет
кога сал за трошче едно молиш.
За сè друго смртен кревет
кога знаеш дека чекаш
и ќе чекаш чудо,
Зошто чудо толку болиш?

Сношти беше душо моја
кога на сон ти ми слета.
Голотија место ноќна руба
исткаена светлост света.
Песокот на времето се срони
од палчето, прстињата твои
и види чудо, и ти чудо чекаш
и за тебе времето за чудо ќе стои.
Душо слатка, ајде да се венчаме
самоста не отепа и тебе и мене.
Па во самост иднина заедно да градиме
да видиме дали сме од херкулско семе.
Ај да се одлепиме
да правиме нешто лудо
и така, заедно да чекаме
чудо да ни дојде, чудо.

За сè друго смртен кревет…

Во паркот на клупата скиснат
му редиш приспивни на дождот,
ќе налета некој, ќе те праша
„Како е?“ „Па, не е лошо“.
И тогаш ќе почне да те дави
но, држи се, прави се на Тошо
и кажи му чудото го чекаш
по договор да излезе од ќошон.

Препев од англиски: Барбара Драговиќ

АвторЛеонард Коен
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|