Доста љубеше

/, Блесок бр. 16/Доста љубеше

Доста љубеше

Песна 111
Подарок
Чекајќи го чудото
Твој сум
Причина зошто пишувам
Се чудам колку луѓе во градов
Балада
Доста љубеше

Ако ти треба љубовник
ќе сторам се што бараш од мене
и ако ти треба поинаква љубов
ќе ставам маска за тебе
ако ти треба маж
поведи ме за рака
ил ако сакаш да ме удриш во бес
еве ме
твој сум

Ако бараш боксер
ќе влетам в ринг за тебе
ако ти треба лекар
ќе го прегледам секој дел на тебе
ако бараш возач
влегувај внатре
ил ако сакаш да ме повозиш
знаеш дека можеш
твој сум

О луната е пресјајна
оковот е престегнат
на ѕверот не му иде сон
си мислам за овие ветувања
што ти ги дадов а не ги одржав
ах, но нема човек што вратил жена
не со молење на колена
ил ќе лазам до тебе душо
и ќе ти паднам на колена
ќе завивам пред твојата убавина
како пес при омарнина
и ќе ти гребам по срце
ќе ти клечам пред постела
ќе речам те молам, те молам
твој сум

И ако мораш да заспиеш
За миг по пат
ќе возам место тебе
и ако сакаш да пројдеш по улица сама
ќе исчезнам за тебе
Ако сакаш татко за твоето дете
Ил само да прошеташ малку со мене
По песокта
Твој сум

Ако ти треба љубовник
ќе сторам се што бараш од мене
и ако ти треба поинаква љубов
ќе ставам маска за тебе

АвторЛеонард Коен
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|