Доста љубеше

/, Блесок бр. 16/Доста љубеше

Доста љубеше

Песна 111
Подарок
Чекајќи го чудото
Твој сум
Причина зошто пишувам
Се чудам колку луѓе во градов
Балада
Доста љубеше

Љубената ми ја најдоа осквернета
во еден пансион на Маунтин Стрит.
Љубената ми беше вишна и стројна,
ко една од девојките на Тенисон,
онака качена на чистокрвен пастув
во нечија приватна шума.

Но ја видов легната,
гола на стар кревет, со резови од нож по градите,
а нозете гадно испресечени.
Мртва два дена.

Ми ветија бргу ќе го судат.
Ќе ги притегнеме копилињата
што нураат низ портофели по самопослуги.
Ќе видиме кој најврашки се смее на морничави сцени
по кина.
Ќе ги демнеме старците на плоштадот Доминион
што со очи шараат
по секретарките од Сан Лајф во пет и триесет…

Можеби весниците го растревожија.
Кој и да беше, младичот дојде сам
и ја виде преплашената русокоса со блуза
искината од непознати раце;
Уста не отвораше човекот
кој виде како жарачот му го зеде виделцето
на римскиот пленик;
старецот божем си го навиваше саатот …

Човекот никогаш не го открија.
Безброј се градовите на веков!
Многумина знаеја за мојата сакана и нејзината убавина.
Дошол можеби од Торонто, полуизлуден маж
трагајќи по неделна љубов;
или порочен поет долго залунѕан во Винипег,
или новошкотски бегалец од спили и проповедници…

Сите ми ја знаеја саканата
од филмови и галерии,
Тело од Голдвин. Ботичели ѝ ги нацрта долгите раце.
Розети полните усни.
Енгре ѝ го наслика тенот.
Не ѝ требаше да чекори толку гордо
по улиците.
А беше и годината на Дева Марија, година
кога рабините излегоа од пустинското прогонство, година
кога луѓето гневни беа од огласи за забни пасти…

Ја закопавме напролет.
Врапците на небо вишно
жалеа што земја ќе го скрие
нејзиното лице лично.

Цвеќата што рози беа
опој сладок ширеа
и возљубените пријатели мои
танц над гробот виеја.

АвторЛеонард Коен
2018-08-21T17:22:02+00:00 август 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 16|