ВЕТЕР И МОРЕ
Ветрот ги затвори чадорите,
ги заклопи лежалките,
му фрли песок в очи на сончањето.
Ветрот ги камшикуваше брановите.
Ги облече разголените тела
и сушилките со пешкирите.
Врза бујни коси во опашки,
ослободи гранки маслинови.
Донесе црни облаци, на сонцето
тешки прекривки (денеска никој
нема да фати боја).
Ветрот ги нишаше чамците сè додека
не им се слоши на набљудувачите.
Соседот во бунгаловот до нас
почна гадно да повраќа.
Го изнесовме на ветер,
малку да го продува.