Поезија – Јовица Ивановски

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Јовица Ивановски

Поезија – Јовица Ивановски

ЛЕТААТ СЕМКИ ОД ЛУБЕНИЦИ
ДЕН НА ПЛАЖА
ВЕТЕР И МОРЕ
ПОДАРОК-ПОГЛЕД
ЦЕДЕЊЕ


ЛЕТААТ СЕМКИ ОД ЛУБЕНИЦИ

Летна шеширот на ветерот.

Очите затворени, незнајни јазици.

Брегот се брани од бранови збудалени.

Дише душекот. Се лупат кожи препечени.

Чамец и мамец, јадица и весла.

Гумите за пливање вежбаат летање.

Неколку капки дожд и сите се разбегаа.

Само ти, божем Посејдон со харпун

збрцан како сидро во песок.

Вода под тебе, вода во телото твое,

кое, кај и да е, ќе се стопи како

медуза на плажа.

АвторЈовица Ивановски
2023-01-09T10:35:55+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|