ЦЕДЕЊЕ
Боровите се цедат врз
тастатурата на лаптопот
и врз мојата зелена кола.
Очи во очи со езерото, му велам –
немам јас толку пастрмки изедено
колку што имаш ти луѓе голтнато.
Пешачам покрај брегот и среќавам
осамени рибари аматери.
Го гризат дневието, арчат црви.
Тажни плажи. Езерото исплукало трски.
Не е сезона, но сезоната за елементарна
култура трае преку цела година.
Ѓубриште, крајплажни депонии.
Скришни места за секс во кола.
Кондоми и хартиени шамивчиња
со, сега веќе, неплодна сперма.
Се цеделе кај што ќе стигнат,
нималку различно од
боровите.