Поезија – Јовица Ивановски

/, Литература, Блесок бр. 148/Поезија – Јовица Ивановски

Поезија – Јовица Ивановски

ЛЕТААТ СЕМКИ ОД ЛУБЕНИЦИ
ДЕН НА ПЛАЖА
ВЕТЕР И МОРЕ
ПОДАРОК-ПОГЛЕД
ЦЕДЕЊЕ


ДЕН НА ПЛАЖА

Заиграни чудачиња

околу замокот на плажата.

Боите измешани (избледено виножито).

Утрото е дар, животот бал. Трчаме кон

секое пладне како куче по фрлено стапче.

Глуварки и стапала. Голотијата никната

од пејзажот. Боси како трње.

Љубовта нурка во плиткоста на сонот.

Некој те плиска со сенка, можеби јас.

Морнар сум роден со сидро истетовирано

на десната подлактница,

рибар кој цел месец не напишал песна.

Ако ме сакаш само гушни ме со поглед!

Заборави зборови! Лаптопот е мртва школка.

Бродоломник сум кој завршил

на пустиот остров

во твојот скут.

АвторЈовица Ивановски
2023-01-09T10:35:55+00:00 декември 30th, 2022|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 148|