Непознат театарски архипелаг
Текстот е во секој поглед универзален и неговите значења лесно можеме да ги препознаеме во секој средина, особено во американската. Неговиот изворен наслов е непреводлива игра на зборови. Тој може да значи „Двајца во еден“ и „Двајца во Еден“, што е мошне духовита парафраза на митот за Адам и Ева.
Втората ретка особеност на текстот е во тоа што тој е напишан „за двајца актери и за две кукли“. Кукларската анимација во него е споена со живата игра. Како?… Наместо јаболкото на спознанието, Нела како кукларка на Тото му ја дава најнапред неговата, а потем и својата кукла. Двете живи кукли решаваат, давајќи им живот на мртвите кукли, да побегнат од таа праслика на животот, од ужасната тишина и осаменост во реалноста на приказна, во бајка мошне слична на оскарвајдовиот ‘Славејот и розата’…
Она што не се во состојба да го сторат куклените луѓе, го прават куклите. Ја остваруваат трагичната катарза: само љубовта искажана во исконската жртва, може на овој свет да му го врати животот во сета негова расцутеност.
(„Нови лист“, Сплит, 18.06.1997)