избрани осврти за „Двајца во Еден“

/, Блесок бр. 12, Театар/Филм/избрани осврти за „Двајца во Еден“

избрани осврти за „Двајца во Еден“

Венко Андоновски
Глигор Стојковски
Мирче Томовски
Иван Ивановски
Владимир В.Голубовиќ
Џуди Мерсиер
Далибор Форетиќ
Некои податоци за „Двајца во Еден“

Над бездната на животот

… Инаку, повеќе нешта ја прават дуодрамата „Двајца во Еден“ занимлива и привлечна за гледачот. Прво, што таа е пишувана доста вешто, со убаво чуствување на функцијата на зборот; второ, што се презентирани целовити карактери; трето, што авторот во драмата ни предлага мошне колоритна дијалошка структура, што едновремено значи и добро водење на дијалогот; четврто, што Томислав Османли успева да се ослободи од сладникавоста на фабулизирањето и од извесен шематизам во обликувањето на ликовите што е секако резултат на познавањето на необичните фини елементи на драматуршката техника.
Еден од најевидентните квалитети на овој драмски текст е авторовото дискретно оперирање со поетските метафори, асоцијации, лирски исповеди, во предавањето на осаменоста и барањето смисла во бесмислата, обликувајќи го и обвиткувајќи го текстот со една превосходно поетска атмосфера… Со еден збор, се соочивме со дуодрама што е вешто компонирана, со читок драмски ракопис – и што е најважно – со развиен слух за чисти театарски дејства…

(„Нова Македонија“, ЛИК, 25.12.1996)

2018-08-21T17:22:07+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Осврти, Блесок бр. 12, Театар/Филм|